Утрински Весник
Македонија

Општина Карбинци инвестира во изградба на улици во село Таринци

Општина Карбинци инвестира во изградба на улици во село Таринци
300x250 (7)

Штип, 14 февруари 2020 (МИА) – Општина Карбинци со сопствени средства ќе го решава проблемот со улиците во селото Таринци. Градоначалникот Јордан Насев вели дека со два млиона денари ќе се асфалтираат три улици во оваа населено место. Предлогот за решавање на овој проблем пристигнал од месната заедница, а од страна на советниците е изгласано на седница на Совет на Општина Карбинци.

-Објавена е постапка за доделување на договор за јавна набавка, за избор на изведувач, за изградба на три улици во село Таринци. Јавната набавка ќе се спроведе преку Електронскиот систем за јавни набавки, а критериум за избор е најповолна понуда. Целокупната тендерска документација, економските оператори можат да ја преземат на Електронскиот систем за јавни набавки. Доклолку работите се реализираат според планот, се очекува на средината на март, да се започне со активностите за изградба на улиците, изјави Насев.

Img 5587

Тој истакна дека со изградбата на овие улици во централното селско подрачје, кои со години никој не ги асфалтирал, жителите на село Таринци нема да газат во кал, а една од улиците води и кон селските гробишта. Во оваа населено место остануваат да се изградат уште три улици кои, како што посочи Насев, ќе бидат асфалтирани наредната година. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Загина млад скопјанец во тешка сообраќајка, жена и две деца в болница