Утрински Весник
Македонија

„Куманово план” потпиша договори за соработка со Архитектонскиот, Градежниот факултет и ИЗИИС

„Куманово план” потпиша договори за соработка со Архитектонскиот, Градежниот факултет и ИЗИИС

Куманово, 14 февруари 2020 (МИА) – Општина Куманово ќе соработува со Архитектонскиот, Градежниот Факултет  и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. 

Во општината денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово План“ потпишаа договори  за соработка со деканите на двата факултета и со директорот на ИЗИИС, Огнен Марина, Златко Србиноски и Влатко Шешов. Со потпишувањето на договорите се овозможува продлабочување на соработка во областа на урбанизмот, архитектурата, градежништвото и заштита на културното наследство.

  Целта е да се искористи нивното знаење и искуство, ангажманот на студентите во ангажманот на „Куманово план“, чија што цел е да креира проекти, идеи, за да може Куманово да се гради и да размислуваме како ќе изгледа на долгорочен план Куманово 2020, 2030, 2040. Во постапка сме на подоготовка на Генерален Урбанистички План, советот на општина Куманово таа обврска ја додели на претпријатието кое ќе користи надворешни извори и помош за да може да го комплетира овој проект, бидејќи Куманово веќе подолго време има ГУП кој што е времено екстензиран и е вон сила и на Куманово како град му е потребно да се шири надвор од границите на планскиот опфат, бидејќи сметаме дека сме загушени во мал простор. Градбата која што ја имаме од различен карактер да ја прилагодиме на секојдневните услови и да направиме нова сообраќајна студија и сите стратешки документи кои се потребни за долгорочно планирање на градот, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Деканот на Архитектонскиот Факултет, Огнен Марина ја поздрави иницијативата на локалната власт за потпишување на договорите за соработка и истакна дека се заинтересирани да ги споделат праксата, знаењата и искуствата од своите области.

-Да овозможиме Куманово да се развива на вистински начин, градот тоа го заслужува. Со задоволство и нетрпение ги очекувам идните проекти каде што ќе можеме поддршката, знаењето да го ставиме во функција на развојот на општината и да креираме уште подобри градови-рече Марина.

Деканот на Градежниот факултет, Златко Србиноски смета дека четирипартитната соработка ќе  овозможи бенефит на инволвираните институции.

-Не би требало да го занемариме потенцијалот на за научно-истражувачка работа. Можеби не во прва фаза, туку понатаму како ќе се развива таа соработка би требало и тоа да го форсираме, рече Србиноски.

Директорот на ИЗИИС, Влатко Шешов, смета дека сите институции ќе имаат бенефит.

-И она што ние го работиме како истражување, наука ќе можеме директно да го примениме во државата. Би посакал многу проекти каде ИЗИИС, Градежниот и Архитектонскиот факултет ќе дадеме свој придонес. Мислам дека со оваа спогодба Куманово може да биде лидер во државата и примерот да го следат другите единици на локална самоуправа, особено градот Скопје, бидејќи мислиме дека не секогаш сме доволно искористени за нашите институции каде можеме квалитетн придонес да дадеме-рече Шешов.

Директорот на Јавното претпријатие „Куманово План“, Горан Митевски смета дека во наредниот период се очекуваат резултати, не мора како што е предвидено во 2021, туку до крајот на годинава да се реализираат активности за потребите на општината, администрацијата на граѓаните.

-Почнуваме со ГУП, планска програма треба да се прави, да се дефинираат стратешките цели, ќе има многу активности, најави Митевски.ам/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!