Утрински Весник
Македонија

Во гевгелиско Свети Трифун беше симболично одбележан во Прдејци

Во гевгелиско Свети Трифун беше симболично одбележан во Прдејци
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија,14 февруари 2020 (МИА) – Денот на лозарите „Свети Трифун“ христијанскиот празник за кого гевгеличани веруваат дека е заштитник на лозјата и сите други посеви,денеска скромно и симболично беше одбележан на лозовите насади во општина Гевгелија.

Традиционално, веќе неколку години по ред, симболичното закројување се одржа веднаш по празничната литургија во дворот на црквата „Света Петка“ каде присуствуваше и градоначалникот Сашо Поцков кој на лозарите им посака богат род и бериќетна година.

Лозарите и винарите од гевгелиско вековниот обичај на закројување на лозјата го направија уште во претпладневните часови речиси во сите населени места во општината. им/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста