Утрински Весник
Спорт

Пеле негираше дека е во депресија, се чувствувал добро

Пеле избра совршен партнер во нападот
Img 5587

Сао Паоло, 14 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Бразил, Пеле ги отфрли шпекулациите дека е депресивен и ги увери своите фанови дека добро напредува и има зафатен распоред.

Синот на Пеле, Едињо сподели пред „Глобо“ дека трикратниот освојувач на Светскиот куп е депресивен и не сака да ја напушти својата куќа затоа што не може да се движи добро по операцијата за замена на колкот.

Img 5587

– Јас сум во ред. Продолжувам да ги прифаќам моите физички ограничувања на најдобар можен начин. Имам добри и лоши денови. Ова е нормално за луѓето на моја возраст. Не се плашам, решителен сум, сигурен сум во она што го правам. Ги извршвам обврските на мојот секогаш зафатен распоред, рече Пеле, кој ќе наполни 80 години во октомври.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024