Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Италија со револуционерен предлог за ВАР

Италија со револуционерен предлог за ВАР
Img 7972

Рим, 14 февруари 2020 (МИА) – Италијанската фудбалска федерација упати официјално барање до ФИФА за „можноста да експериментира“ со системот ВАР.

По десетина поплаки од различни клубови во Серија „А“, раководното тело на земјата одлучи да упати официјално барање во кое сугерира дека биде тестирано т.н. „оспорување“. Ова ќе се направи со помош на систем преку кој екипите можат да побараат да ја проверат ситуацијата за време на натпреварот.

Последната „капка“ беше натпреварот против Милан и Јувентус во Купот на Италија, кој заврши 1:1 по контроверзно досудениот пенал за „бјанконерите“, добиен во последните минути од натпреварот. Ситуацијата генерираше бројни коментари и различни гледишта.

– Италија беше една од првите земји во светот што експериментираше со оваа технологија. При усвојувањето на ВAP претходеше тест период што резултираше со исклучителни резултати кои значително придонесоа за конечниот протокол. Водени од желбата за иновации и многуте барања што ги добивме во последните неколку недели од бројните клубови во Серија „А“, изјавуваме дека сакаме да експериментираме со користење на системот (тимовите можат да ја разгледаат ситуацијата на теренот). Ние сме убедени дека тоа ќе го приближи фудбалот до милиони навивачи без негативно влијание врз авторитетот на судиите,се вели во мислењето.

Претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина, исто така, го поддржа барањето и рече дека тоа ќе помогне „да се избегнат споровите што му штетат на имиџот на првенството“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН