Утрински Весник
Македонија

Заев: Нашата земја нема друга алтернатива освен градење на европска иднина, враќање на национализмот не смееме да дозволиме

Заев: Нашата земја нема друга алтернатива освен градење на европска иднина, враќање на национализмот не смееме да дозволиме

Скопје, 13 февруари 2020 
 
Се надевам дека мојата земја, но и целиот регион ќе направи чекор напред, затоа што сметам дека нема друга алтернатива, освен полноправно членство во ЕУ.-истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизисккото гостување на Телевизијата Ал Џезеира во врска со препораката и добивањето на датум за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ.
Тој потсети дека на самитот во октомври беше направена историска грешка за нашата земја кога почетокот на преговорите беше одложен за некое време, но истакна дека навистина се надева на слдниот самите дека грешката ќе  биде исправена, со оглед на тоа дека ние како земја ги исполнивме реформите кои беа барани, а тоа го потврдија сите европски лидери.
Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија, се дел од големите чекори кои ги направи нашата земја и затоа очекувам на следниот самит во мај во Загреб е да се донесе позитивна препорака за  почеток за преговори на нашата земја со  ЕУ. Нашите граѓани го очекуваат тоа, Европа вети и ако сака да ги мотивира другите граѓани од соседните земји треба да го исполни ветувањето.-посочи Заев.
Не смееме да дозволиме повторно враќање на национализмот во нашата земја.-посочи Заев. Тој додаде дека со оглед на минатото и се што претпрпе оваа земја токму поради тој национализам , денес не смееме повторно да дозволиме негово враќање, туку напротив градење на Балкан на 21 век и градење на европска иднина на нашата земја и воопшто европска иднина на Балканот. Граѓаните тоа ќе го потврдат на престојните избори на 12 април.-истакна Заев.
Центар за комуникцаии со јавноста на СДСМ 

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ