Утрински Весник
Спорт

Сари со коментар за евентуалниот трансфер на Меси во Јуве

Сари: Се плашевме да не ни се падне Реал Мадрид

Торино, 13 февруари 2020 (МИА) – Вербалната војна помеѓу суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси и спортскиот директор Ерик Абидал ги засили гласините за евентуално заминување на „болвата“.

Италијанскиот хегемон Јувентус е една од опциите на медиумите за следната дестинација на Аргентинецот, а од тренерот на „старата дама“, Маурисио Сари, се очекуваше да биде побаран за коментар.

– Лео е фудбалер на Барселона. Ако јас бев шеф на Барса, сега би рекол„ што по ѓаволите сака овој Сари“. Затоа претпочитам да не одговорам на тоа прашање, рече мистериозно стратегот, чија иднина веројатно нема да биде поврзана со Јуве.

Се повеќе се шпекулира дека раководството на Јувентус има голем план да го назначи менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за регрутирање на Меси во клубот.

Двајцата беа дел од златната ера на Барса во 2008-2012 година, кога двапати ја освоија Лигата на шампионите и три пати Ла Лига.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони