Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заврши маршот посветен на загинатите во сообраќајната несреќа кај Ласакрци

Заврши маршот посветен на загинатите во сообраќајната несреќа кај Ласакрци
300x250 opst2

Гостивар, 13 февруари 2020 (МИА) – Учесниците на маршот и граѓаните кои им се придружија на последната етапа, пристигнаа попладнево на плоштадот во Гостивар. Меморијалниот марш започна утрово и заврши по речиси 12 часа.

Организаторите со маршот долг 55 километри сакаат да упатат апел до државните институции за поголема одговорност во спроведувањето на законите во сообраќајот и за подигање на свеста за поголема безбедност.

Иницијатива за маршот потекна од група планинари од Гостивар.

– Сакам да искажам благодарност до сите учесници и особено сме благодарни сме на општината, полицијата, Дражавни патишта на пружената поддршка и помош за да се реализира целиот овој настан, рече Замир Мустафаи еден од организаторите на маршот.

Стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од скопското село Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.

На 13 февруари 2019 година, во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар. згм/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Михаилов: Комбе фатено со бесправни дрва, судот го враќа и повторно одземено во нова акција

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик