Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули изрази огромна почит кон креаторите на ова решение, и се заблагодари на сите вклучени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а особено на Агенцијата за електронски комуникации која го препозна и помогна реализирањето на овој проект.
-Од огромно значење е фактот што со својата посветеност, професионализам, знаење и креативна работа академската заедница сериозно се вклучува во обезбедување на апликативни научни решенија за информации и предикции за аерозагадувањето, кое што е еден од најактуелните проблеми во државата. Заедно со науката да работиме на решавањето на проблемите и справување со предизвиците кои не очекуваат, истакна Макрадули.
Апликацијата е достапна за сопствениците на iOS и Android уредите, но истата има и веб верзија (мапа) со временска оска, каде корисниците може да добијат визуелен приказ на загадувањето. Веб верзијата е достапна на aqf.finki.ukim.mk. бк/