Париз, 13 февруари 2020 (МИА) – Пари Сен Жермен планира да му понуди астрономска плата на Килијан Мбапе, со цел да го задржи на „Парк де Пренс“ во наредните години.
На францускиот напаѓач му остануваат уште две и пол години од неговиот договор, но Реал Мадрид е подготвен да направи официјална понуда за 21-годишниот светски шампион.
Директорот на клубот Леонардо лично се зафатил со мисијата да преговара со Мбапе и неговата придружба, откако го убедил раководството на клубот дека ова е цел бр. 1 пред тимот. Наместо да го продаде Мбапе за рекордна сума, ПСЖ ќе се обиде да му понуди иста плата на играчот, како што добиваат Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Ова значи дека Мбапе ќе добие годишна плата од 50 милиони евра, а тоа треба да го задржи во Париз.
Ливерпул ја следи состојбата на стрелецот, а европскиот клупски шампион се очекува да даде предлог за фудбалерот.