Велес 13 февруари 2020 (МИА) – Владата на барање на локална власт и ја преостапи на трајно користење на Општина Велес зградата на поранешниот АТД Диспанзер за белодробни заболувања што порано ја користеше велешката Општа болница.
Како што информира на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски, тие ќе го урнат руинираниот објект и тој простор ќе биде изграден времен паркинг за 60 возила со што ќе се решат дел од проблемите од недостиг на паркинг на граѓаните и околните институиции. Но, по измената на ДУП на тоа место ќе се прави катна гаража.
Тој информира дека вкупната површина на локацијата е 770 метри квадратни, а до таа локација има уште една локација каде што е предвидено подземно паркирање со 670 метри квадратни или вкупната површина е од 1440 метри квадратни.
– Нашата намера е веднаш штом ќе ги добиеме потребните документи да донесеме одлука за уривање на стариот објект на АТД Диспанзерот кој е вон употреба и на тоа место да овозможиме паркирање на 60 возила. Со тоа сериозно ќе го ублажиме проблемот со недостиг на паркинг во тој дел од градот кој е многу населен и каде се наоѓаат и гимназијата, црквата и кафетерии, појасни Коцевски. Воедно информира дека по донесувањето на ДУП и новиот ДУП план тука ќе изградат катна гаража.
Зградата на поранешниот АТД Диспанзер за белодробни заболувања, која е постара од 60 години, веќе шест ипол години е празна и се’ повеќе руинирана. Во септември 2013 година оваа медицинска служба поради лошите услови за работа беше преселена на Инфективното одделение при Општата болница во Велес.ад/са/