Утрински Весник
Македонија

Поставени платоа за успорување на сообраќајот пред училишта и градинки во Кисела Вода

Поставени платоа за успорување на сообраќајот пред училишта и градинки во Кисела Вода

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во соработка со Општина Кисела Вода, на главните сообраќајници пред општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и пред градинката „Сончоглед“ постави платоа за успорување на сообраќајот.

Како што информираат од Општината, поставените платоа пред главните влезови на училиштата имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците кои секојдневно ги преминуваат прометните улици.

Во периодот што следува, се наведува, активностите за поставување платоа ќе продолжат, а Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје и понатаму ќе работат на подигнување на безбедноста на улиците, како за учениците така и за сите учесници во сообраќајот. вг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“