Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мизрахи мора да биде разрешена бидејќи го крши Уставот и го прекршува Договорот од Преспа

СДСМ: ВМРО-ДМПНЕ и Мицкоски преку своите неспособни кадри со невистини обвинуваат за злоупотреби и ги заплашуваат граѓаните

Скопје, 13 февруари 2020

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи мора да биде разрешена бидејќи свесно и намерно го крши Уставот и го погазува Договорот од Преспа со што на ризик ги става односите со соседите и процесот на евроинтеграциите.

Мизрахи, како министерка во преодната Влада, наместо да се стави во функција на обезбедување на слободни и демократски избори, таа како кадар на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, одлучи да спроведува наредби дадени од Белиот дворец и од Будимпешта.

СДСМ го достави предлогот за разрешување на Рашела Мизрахи во Собранието, бидејќи нема компромиси за непочитување на Уставот и очекуваме таа да биде разрешена на првата наредна седница на Собранието.

Граѓаните знаат дека за опозицијата ситно-партиските интереси се поважни од иднината на државата и дека упорно се залага за враќање на режимот.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?