Утрински Весник
Македонија

Седми хуманитарен Црвено-црн бал „Верувај и љуби”

Седми хуманитарен Црвено-црн бал „Верувај и љуби”

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Лајонс Клуб Зограф вечер во Скопје со почеток во 20 часот го организираат седмиот хуманитарен Црвено-црн бал “Верувај и љуби”. Собраните средства ќе бидат донирани на Родителската куќа за престој на родители на деца кои се лекуваат од канцер.

Родителската куќа се наоѓа во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” – Скопје, каде претстојуваат родители чии деца се лекуваат на хематоонколошкото одделение на Детската клиника, а се од внатрешноста на Македонија. Се состои од четири апартмани, трпезарија со кујна, дневна соба и библиотека.

-Престојот за родителите е целосно бесплатен, ние како здружение САНО се грижиме за да им обезбедиме храна, чиста постелнина, интернет да комуницираат со своите семејства. Собраните средства ќе бидат наменети за подмирување на овие потреби во понатамошното работење на куќата, наведуваат организаторите.

Хуманитарниот Црвено-Црн Бал “Верувај и љуби” што ќе се одржи во ресторанот Рагуза 360 rooftop ќе биде збогатен со лотарија, и настап на студенти од Факултетот за музичка уметност. Цената на билетот изнесува 1.300 денари, во која е вклучена донација и вечера. вг/са/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме