Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За Мицкоски кршењето на Уставот е политички маневар, признава дека не успеал да ги изврши задачите од Будимпешта

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството

Скопје, 12 февруари 2020

За Христијан Мицкоски, свесното и намерно кршење на Уставот од страна на неговата послушничка Рашела Мизрахи е политички маневар, а не она што навистина е, загорување на Договорот од Преспа и загрозување на евроинтеграцискиот процес.

Со ваквите ставови Христијан Мицкоски признава дека неговата и намерата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада е единствено да работи против интересите на граѓаните и државата.

Мицкоски е нервозен, затоа што е свесен дека не успеа да ги исполни задачите од Будимпешта и неговиот ментор Груевски.

Извршителот Мицкоски не успеа да го спречи процесот на интегрирање во НАТО и ЕУ, не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф Груевски, не успеа да ја врати државата во времињата на поделби и изолација.

Мизрахи мора да биде разрешена затоа што свесно го прекршува Договорот од Преспа и ги загрозува односите со соседите.

Мизрахи се дрзна да злоупотреби државна институција во партиски цели, се дрзна да го прекрши Уставот само за да ги исполни нарачките на Мицкоски и Груевски и затоа мора да биде разрешена.

Понудата на Мицкоски е сведена на блокади, деструкции и обиди за обнова на режимот, што најдобро се гледа преку однесувањето на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Затоа на 12 април тој и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат нов убедлив пораз од граѓаните. На претстојните избори граѓаните уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ раководено од Будимпешта.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Јавниот сектор спорадично користи вештачка интелигенција, наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“