Утрински Весник
Македонија

Со регионални проекти до подобрување на социјалната инклузија во Берово

Со регионални проекти до подобрување на социјалната инклузија во Берово

Берово, 12 февруари 2020 (МИА) – Општина Берово аплицираше за реконструкција и адаптација на третата ламела од Дом за стари лица. Во рамки на Регионалните форуми општината поднесе предлог проект, кој како што информираат од општината се однесува на доизградба на третиот дел од установата.
-На последниот одржанан регионален форум учествуваа 11 општини од Источно плански регион, истакнати беа неколку предлози, од кои Општина Берово го истакна предлог проект за Реконструкција и адаптација на трета ламела од Дом за стари лица во Берово. Реализацијата на проектот ќе биде од огромно значење бидејки со тоа целокупно ќе биде заокружена целината на установата, истакнаа од општината.
Со предлог-проектите како што додадоа е исполнет клучниот услов за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на население.
-Се работи за категорија граѓани кои подлежат на социјален ризик, а со реализацијата на проектот тие треба да бидат во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет, додадоа надлежните.
Според планираното во наредниот период ќе се одржат уште две форумски сесии, од кои на третата, ќе се одбере еден проект кој ќе биде реализиран, со средства од Швајцарската агенција за развој. Форумот ќе заврши во ноември, кога ќе биде презентиран реализираниот проект. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал

Лефков, Стефковски и Јованчев влегуваат во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ