Утрински Весник
Македонија

И покрај сушата нивото на хидроакумуалциите во Струмичко е стабилна

И покрај сушата нивото на хидроакумуалциите во Струмичко е стабилна

Струмица, 12 февруари 2020 (МИА) – И покрај лошата хидролошка состојба, која засега најмногу се одразува на нивото на најголемата хидроакумулација во регионот-браната „Турија“, останатите се исти со ланското ниво во овој период, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица.

-Во „Турија“ моментно има околу 20 милиони кубни метри вода, што во споредба со лани овој период е помалку за 18 милиони, а за да го достигне максималното ниво од 50 милиони кубни метри вода потребни се уште 30 милиони. Годишно од хидроакумулацијата градот троши меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење, а за наводнување се користат 12 милиони кубни метри вода, што значи дека за цела година имаме собрано вода во нашата најголема хидроакумулација. Но, и покрај сушниот период се надевам дека до крајот на април, кога почнува наводнувањето, драстично ќе се зголеми нивото на браната „Турија“, вели директорот на Подружницата „Струмичко Поле“, Лазар Ѓоргиев.

Додава дека и во акумулацијата „Водоча“ од вкупниот капацитет од скоро 27 милиони кубни метри вода има околу 13,5 милиони, што во споредба со лани истиот период е помалку за 3,5 милиони кубни метри вода. Годишно од неа се трошат 6 милиони кубни метри вода.

Помалите акумулации „Новоселка“ и „Маркова Река“ се полнат со нормално темпо, додека „Иловица“ веќе прелива. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата

СДСМ: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово