Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Со јога против трудничките тегоби

Со јога против трудничките тегоби
Img 7972

Белград, 12 февруари 2020 (/) – Сè повеќе трудници практикуваат и за кусо ги чувствуваат ефектите од јогата. При вежбањето, на пр., жените учат правилно дишење и држење на телото, и остануваат активни и подвижни низ целата блажена состојба.

Како што пренесува српскиот портал „Б92“, јогата ја поврзува мајката со бебето, така што таа учи дека треба да биде стабилна, цврста и слободна. Наташа Борота, бабица и инструкторка за јога за трудници од Србија, вели дека вежбите не само што се идеални за телото, туку и психички ја подготвуваат жената за породувањето, ги ублажува мачнините, болки во грбот, грчеви, опстипација…

– Преку јогата се учат техники за дишење кои се користат при самото породување, што ги олеснува и контракциите. Жените кои вежбаат јога, се поопуштени, пососредоточени и поподготвени за породувањето. Тие така се и психички и физички спремни жена за полесно да го поднесат сè тоа, изјави Борота за српските медиуми.

Освен тоа, повеќето трудници кои вежбаат јога, велат дека тегобите скоро и да исчезнуваат и оти им тоа им причинува и подобро расположение. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?

Македонско ремек-дело: „Тигрите” во новиот патриотски филм на Ѓоко Јовиќ