Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за „Тврдина-Таргет”

Ново рочиште за „Тврдина-Таргет”

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжуваа судењето за предметот „Тврдина-Таргет”. Предметот е во фаза на презентирање сведоци.

За денеска е предвидено да сведочат сведоци од УБК. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа

ДИК со првични неофицијални резултати од гласањето во четири општини