Утрински Весник
Македонија

ЈСП Скопје: Единствено, разликуваме патници со уредно валидиран билет и патници без билет

Поради градежните зафати изменета трасата на автобуската линија број 9

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје категорично ги отфрла обвинувањата за дискриминација по етничка основа во случајот со студентот Сирхан Усеин и двајца контролори, што се случил на 9.02.2020 година во 10:45 часот во автобусот на линија 45 и порачува дека за нив сите корисници на јавниот превоз имаат еднаков статус, а единствено разликуваат патници со уредно валидиран билет и патници без билет.

-Сакаме да ве информираме дека студентот го пријави случајот во ЈСП Скопје дури денеска, вторник (11.02.202 год) и тоа по наше барање. Даде и пиша изјава со која сам потврдува дека не станува збор за етничка дискриминација, во ниту еден момент не бил навреден со погрдни зборови на етничка база. Изјава дадоа и двајцата контролори, при што категорично ги отфрлаат шпекулациите за дискриминација. Случајот се процесуира и ќе се преземат соодветни мерки, соопшти ЈСП Скопје.

Сакаме да веруваме, се вели во соопштението, дека овој случај нема да се злоупотреби за дневно политички цели и подгревање на страстите кај одредена етничка група граѓани.

-Се надеваме дека во иднина медиумите нема да пласираат само еднострани информации, преземи од социјалните мрежи, туку изворно ќе се информираат за случајот, а во интерес на професионалното информирање ќе побараат изјава и од ЈСП Скопје. Напоменуваме дека за ЈСП Скопје сите корисници на јавниот превоз имаат еднаков статус. Единствено, разликуваме патници со уредно валидиран билет и патници без билет, потенцираат од ЈСП Скопје. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот