Утрински Весник
Македонија

Во Велес од варичела или овчи сипаници лани заболеле 387- најмногу се деца, што е многу повеќе од 2018

Во Велес од варичела или овчи сипаници лани заболеле  387- најмногу се деца, што е многу повеќе од 2018
Screenshot

Велес, 11 февруари 2020 (МИА) – Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес лани  387 лица претежно деца од градинка и училишна возраст заболеле од варичела или попозната како овча сипаница ,иако имало и по некој возрасен кој не ја прележал болеста како дете. Споредено со претходната 2018, а кога биле 140 заболени, лани биле за 247 повеќе.

Pet Utrinski

Како што појаснува за МИА, епидемиолог д-р Билјана  Трајкова причина за  зголемување на заболените од оваа заразна болест е  циклично зголемување на болеста,  а кое се јавува на  неколку години, иако е присутна  континуирано  во сите изминати години, но со помала бројност на заболени.

Според најновите показатели од почетокот на оваа 2020 година во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес  има регистрирано  53 заболени од варичела или овча сипаница и тоа најголем дел се деца од градинка и школска возраст, информира д-р Трајкова.

За разлика од некои соседни земји, во нашата држава не се спроведува вакцинација против варичела, истата само се прележува велат лекарите.

Тие  потсетуваат дека во земјава има задолжителна вакцинација на децата  против морбили, рубеола и паротит или попозната како МРП вакцинација.ад/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија