Утрински Весник
Македонија

Се чисти депонијата позади зградата „Флатрон“ во Кисела Вода

Се чисти депонијата позади зградата „Флатрон“ во Кисела Вода

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА)На барање на Општина Кисела Вода, Град Скопје започна со чистење на големата депонија лоцирана позади зградата „Флатрон“. Се работи, како што соопштуваат од Општината, за површина од околу 15 000 квадратни метри.

-Од денес па во наредните денови, со механизација ќе се собира со години таложениот отпад на потегот од крстосницата “Жил Верн” со “Есенинова”.  После чистењето, отпадот ќе биде депониран во Дрисла, а на теренот ќе биде извршено рамнење, појаснуваат од Општината.

Според Кисела Вода ова е уште една од активностите на Општината и Градот Скопје во насока на обезбедување почиста животна средина за сите жители од овој дел на градот.

Во наредниот период се планирани повеќе вакви и слични интервенции, наведуваат од Општината и апелираат до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Дивите депонии, стои во соопштението,  ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Грета Тунберг во Македонија, го посети Тетово

Мицкоски: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината

За градоначалникот на Крива Паланка кривичната пријава е заплашување пред изборите