Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – На денешното рочиште за „Рекет“ на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.
Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на тогашниот премиер Зоран Заев.
-Во име на нашето познавање и почитување ве молам да ме примите на средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, му пишал Јовановски на Заев.
На оваа барање Заев, му одговара дека се залагал за владање на правото и дека оваа е недозволиво. – Ги видов доказите, оваа е чист рекет, му вели Заев на Боки 13.
Овие докази Обвинителството ги обезбедило од Ватсап комуницирал меѓу Боки 13 и неговата мајка Јасминка Јовановска, остварена во април 2019. оџ/дма/