Утрински Весник
Македонија

Дојран ќе се промовира на туристичките саеми во Софија и Белград

Дојран ќе се промовира на туристичките саеми во Софија и Белград
Dik 300x250 mk

Гевгелија,11 февруари 2020 (МИА) – Дојранскиот градоначалник Анго Ангов ги повика сите физички и правни лица од општината кои се занимаваат со туризам, најдоцна до утре да достават до општината промотивен материјал кој ќе биде презентиран пред посетителите на меѓународните туристички саеми во Софија и Белград.

На дојранскиот штанд ќе бидат презентирани приватни и комерцијални угостителски објекти, хотелски проспекти, приватни сместувачки капацитети како и најкарактеристичните висококвалитетни домашни преработки кои во последно време привлекуваат повеќе туристи особено од балканските земји меѓу кои предничат оние кои доаѓаат од Србија.

-На нашиот штанд ќе доминираат слатката од зелени смокви и киви, маслинките, фригованата риба, виното и промотивниот материјал за дојранските туристички можности и понуди, рече Ангов кој изрази надеж дека тоа ќе биде магнет за посетителите поради што уште еднаш ги повика сите туритички работници да понудат промотивен материјал за успешна презентација на туристичкиот потенцијал на општина Дојран.

Саемот во Софија ќе се одржи на 13 и 14 февруари,а на белградскиот саем општина Дојран ќе се претстави од 20 до 22 февруари. им/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

Пет лица се повредени во сообраќајка кај штипската населба Три чешми

Синот на Венко Филипче „заплива“ во бизнис водите – станува трговец на облека на мало