Утрински Весник
Економија

Брз кредит од 30.000 денари треба да се врати 115.000 денари

Img 9288.jpeg

Брз кредит од 30.000 денари за три и пол години прераснал во долг од 115.000 денари. Случајот е меѓу десетината претставки што од почетокот на годинава пристигнале до Народниот правобранител од граѓани кои побарале заштита во врска со работењето на финансиските друштва што одобруваат брзи кредити.

Високите трошоци и дополнителните надоместоци за кредитите го отвораат прашањето за заштитата на корисниците, кои во дел од случаите се соочуваат со долг неколкупати повисок од првично позајмениот износ.


Министерството за финансии подготвува нов закон за финансиските друштва, со кој се предвидуваат построги правила за нивното работење, ограничување на трошоците за кредитирање и поголема заштита на граѓаните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави нови санкции до крајот на годинава, меѓу кои и одземање дозволи за работа. По вонредните контроли спроведени во последните три месеци, две финансиски друштва добиле парични казни и забрана за одобрување кредити во траење од 30 дена.

Државниот пазарен инспекторат утврдил неправилности кај 18 од вкупно 27 лиценцирани финансиски друштва, а изречените казни надминуваат 3,5 милиони денари. На повеќе од 26.000 граѓани треба да им бидат вратени над 140 милиони денари што им биле незаконски наплатени.

Министерството за финансии ги повикува граѓаните кои сметаат дека се оштетени да поднесат пријава во архивата на Министерството, по пошта или на електронската адреса prijavafd@finance.gov.mk.

Можете да прочитате

СДСМ: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Германската индустрија инвестира во рударството: БМВ и Рајнметал ќе бараат нови извори на критични минерали

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?