Утрински Весник
Македонија

Мрежата за заштита од дискриминација го прозва Милошоски

1 76.jpg

Европската интеграција не е само декларативна заложба. Таа подразбира унапредување на родовата еднаквост, заштита на човековите права и ефикасно справување со родово базираното насилство, велат од Мрежата за заштита од дискриминација

„Продолжуваме со нашиот „Ѕид на срамот”, упатувајќи јавни прашања до Антонио Милошоски, претседател на собраниската Комисија за европски прашања.


Во извештајот за 2026 година, Европската комисија ги посочува антиродовите наративи како една од причините за системските пропусти во справувањето со родово базираното насилство.

Како се усогласуваат заложбите за европска интеграција со давањето политичка тежина на актерите чии наративи Европската комисија ги препознава како проблем?

Каков е вашиот став во однос на предложените законски измени за заштита на жените од насилство и што ќе преземете за нивното усвојување?

Европските вредности се докажуваат со политички одлуки и конкретни постапки. Бараме јавни одговори и политичка одговорност“ се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Левица: Јаневска ги нарече студентите ненормални наместо да одговори за непочитувањето на законот

Камион се излизга пред Скачковце, прекинат сообраќајот кон Свети Николе

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година