Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Евростат го потврди Мицкоски, трети во Европа по невработеност на младите

Sdsm1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Евростат објави: Македонија е трета во Европа по младинска невработеност. 


Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026. Речиси секој трет млад човек е без работа. Полоши се само Босна и Херцеговина и Романија. Просекот во ЕУ е 15,6%.

Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски. Еве ги рекордните плати и пензии. Еве го најдобриот туризам и авиосообраќај. Еве го цртањето на табла на Мицкоски. 

Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот.

Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А Евростат вели дека речиси секој трет млад човек е без работа. 

Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа? 

Наместо работа за младуте – бајки. Наместо ЕУ – изолација. Наместо повисоки плати – увоз на „економски работници”.

Мицкоски ги задолжи граѓаните и идните генерации со 4 милијарди евра за само две години. Го зголеми долгот за 50% од независноста за само две години.

Пари за криминални тендери има. За младите – нема. 

Кога ќе снема пари за пљачка, ќе бараат избори. Граѓаните веќе знаат која е вистината.

Држава, не банда.

Можете да прочитате

Руски државјанки со илегален престој во државата затекнати во кабаре во Охрид

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе

Двајца кумановци ограбиле објект во касарната