Утрински Весник
Свет

Две кучиња ја преминале границата од Русија во Полска, граничарите ги вратиле назад

91e8f8c4 0515 44b1 a48e aafe55d20764.jpg

Полските граничари имаа необична задача: да вратат во Русија две кучиња што залутале преку границата од Калининградската област. Животните биле предадени на руските служби во петокот, на преминот Гжехотки, во близина на Брањево.

Станува збор за два мешанца со средна големина, едниот со сиво, а другиот со риѓо крзно. Биле забележани како талкаат во близина на граничниот премин околу две недели претходно, по што биле згрижени од надлежните служби.


При ветеринарски преглед било утврдено дека двете кучиња имаат руски микрочипови. Тоа помогнало да се утврди нивното потекло и да се организира враќањето.

„Кучињата се питоми, весели и си играат со сите“, изјавил за полската новинска агенција ПАП началникот на општината Брањево, Јакуб Борнус.

Враќањето било спроведено според меѓународен договор склучен во 1961 година меѓу Полска и тогашниот Советски Сојуз, кој ја регулира и постапката за животни што ќе ја преминат државната граница.

Можете да прочитате

Украина предлага прекин на огнот во Црното Море за да се продолжи со извозот на жито

Пријавен хакерски упад во платформата на американското воено воздухопловство, Пентагон тврди дека системите се безбедни

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција, зел мито од 88 милиони долари