Утрински Весник
Македонија

Најмасовен напад со дронови врз Русија од почетокот на војната, 462 летаа кон Москва

Ukrainakrimnapad.webp.webp

Руската војска соопшти дека нејзините системи за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 1.246 украински дронови во текот на ноќта од петок кон сабота. Според руското Министерство за одбрана, ова бил еден од најмасовните напади со дронови на руска територија од почетокот на конфликтот, објави РИА Новости.

Според соопштението, беспилотните летала биле соборени над Брјанск, Белгород, Курск, Орел, Смоленск, Воронеж, Калуга, Тула, Ростов, Волгоград, Саратов и Самара, како и над Краснодарската територија, Московскиот регион, Крим и Башкирија.


Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во текот на ноќта кон Москва и Московската област биле испратени 462 украински дронови, од кои 123 биле соборени на приодите кон главниот град. Останатите дронови биле неутрализирани надвор од границите на градот, рече Собјанин.

Поради нападот, московските аеродроми Внуково и Домодедово беа привремено затворени со посебна дозвола од надлежните органи. Според Собјанин, двата аеродроми сега се вратија во нормално работење.

Можете да прочитате

Пензискиот систем: Право што се создава со труд, а се гарантира со закон

Се вози по мокри коловози, намалена видливост на патот Куманово – Страцин

Дожд и заладување денеска, вечерва можен снег и во Скопје