Утрински Весник
Македонија

Три возила се судрија по клучката Радишани, повредените се пренесени во болница

Img 9191.jpeg

Три возила се судрија вечерва на скопската обиколница „Мајка Тереза“, по клучката Радишани, во правец кон Тетово. Во несреќата има повредени лица кои се хоспитализирани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот. Во судирот учествувале „опел“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и „ауди“ со косовски регистарски ознаки.


По несреќата на обиколницата се создадоа колони долги неколку километри во насока кон Тетово. Во првичната информација од МВР нема податоци за бројот на повредените, тежината на нивните повреди и причината за судирот.

Можете да прочитате

Километарски колони на скопската обиколница по тешка сообраќајна несреќа

Блокиран патот Охрид – Скопје кај Ботун, има повредени по излетување на автомобил

Алијанса за Албанците: Образованието на албански јазик е право за кое не се преговара