Утрински Весник
Скопје

Нова акција за отстранување на хаварисани возила во Општина Кисела Вода

Image 2026 11 27 150229980.png

Нова акција за подигнување на хаварисани возила се одвива низ територијата на Општина Кисела Вода, информираат од општината.

Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила се на терен и ги отстрануваат неупотребливите автомобили од јавните површини.


Постапувањето, како што појаснуваат, се спроведува согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, при што на овие возила претходно им беа поставени налепници со известување за нивно отстранување.

„Дел од сопствениците сами ги тргнаа своите возила по оставените известувања, додека оние кои не ги испочитуваа дадените опомени и рокови се подигнати со акцијата на терен.

Целта на акцијата е ослободување на узурпираните паркинг-места и зголемување на проодноста на јавните површини. Упатен е јавен апел до сопствениците да не ги оставаат неупотребливите возила на паркиралиштата и тротоарите, бидејќи инспекцискиот надзор и отстранувањето на ваквиот отпад ќе се одвиваат континуирано на територијата на целата општина“.

Можете да прочитате

Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ 

Ѓорѓиевски: За Скопје во кое секој безбедно се враќа дома

Бутел е лидер во спортот – доделени 349 спортски стипендии