Утрински Весник
Скопје

Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ 

Ukrasuvame po skopski 27.jpg

Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027″ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија. Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории:
 
1.    Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
2.    Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
3.    Најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект;
4.    Најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.
 
Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ” почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година. 
 
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk, или по пошта, на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака – За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ”. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците.
 
За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.
 
Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците.
 
Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории.
 
Ве покануваме заедно да придонесеме за поубав и посветол празничен изглед на Скопје и да ја донесеме новогодишната магија во секој дом!

Можете да прочитате

Нова акција за отстранување на хаварисани возила во Општина Кисела Вода

Ѓорѓиевски: За Скопје во кое секој безбедно се враќа дома

Бутел е лидер во спортот – доделени 349 спортски стипендии