Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов”, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето

3.jpeg

Општина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов”. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.

„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар”, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег.

По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето.

Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.

Можете да прочитате

Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена – Борец“ се одвива со силна динамика