
Зоран Заев, Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи присуствуваа на свечениот прием што го организираше Амбасадата на Република Албанија во пресрет на 28 Ноември, Денот на знамето и независноста на Албанија.
За приемот информираше Спасовски во објава во која го наведе и поводот за свеченоста.
„Денеска присуствував на свечениот прием организиран од Амбасадата на Република Албанија, во пресрет на 28 Ноември – Денот на знамето и независноста на Албанија“, напиша Спасовски.

