
Новинарите во Македонија лесно се соочуваат со обвинувања дека се политички или финансиски поврзани кога јавно изнесуваат ставови што не им одговараат на одредени структури, оцени новинарот и колумнист Ерол Шакири во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
„Ако ти изнесеш едно мислење, а не се совпаѓа со мислењето на одредена структура, веднаш си посочен со прст дека си платен од другата“, истакна Шакири.
Тој посочи дека во јавноста лесно се пласираат обвинувања дека некој новинар е „на нечија листа“ или дека работи во интерес на одредена политичка структура.
Според Шакири, новинарите имаат право на сопствени убедувања и можат јавно да ги изнесуваат во колумни. Кога водат интервју, нагласи тој, личните ставови треба да ги одвојат од професионалната улога.


