Утрински Весник
Македонија

Забрана за паркирање на бул. „Туристичка“ во Охрид

Ohrid.webp.webp

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка” во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни  на булеварот „Туристичка” со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта  но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила,  да ги почитуваат насоките на полициските службеници.


Можете да прочитате

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Славески: Со приклучување кон клонот на ТИПС, правиме уште еден историски чекор во модернизацијата на домашниот платен систем

Објавен Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година