Утрински Весник
Македонија

МВР со кривична пријава против директор на подружница на ЈП „Национални шуми“

Krivicna prijava protiv poranesen gradonacalnik na debrca za nesovesno rabotenje vo sluzbata image.jpg

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.П.(57) од Вевчани, директор во Јавно претпријатие „Национални шуми”- Шумско стопанство „Стогово” – Дебар, О.Ј.(64) и М.Л.(59) од дебарското село Џепиште, вработени како референти за испорака во претпријатието и В.И.(47) од Дебар, архивар во претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци”, „фалсификување службена исправа” и „несовесно работење во службата”, како и против Б.Л.(35) и А.Л.(26) од дебарското село Џепиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање”.

Откако четвртопријавената В.И. во службената книга внела невистинити податоци  за лица кои наводно поднеле барање за издавање дозвола за сеча на дрва, првопријавениот, во својство на директор во ЈП, пропуштил должен надзор врз фиктивните барања и издал дозвола за сеча на дрва и не извршил увид врз испратниците за транспорт. Второ и третопријавените, во својство на референти за испорака на огревни дрва, свесно и со умисла со повреда на законските прописи издавале испратници во кои биле внесувани невистинити податоци и ги заверувале со свои потписи. Петто и шестопријавените им помагале на останатите пријавени и со сопствени товарни возила вршеле превоз на дрвната маса и ги прикривале кривичните дела.


Можете да прочитате

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените

ДОМ: Попустите не решаваат ништо, младите остануваат без дом додека илјадници станови стојат празни