Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

4 10.jpeg

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан” во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.


Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.

Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачув

Можете да прочитате

Славески: Со приклучување кон клонот на ТИПС, правиме уште еден историски чекор во модернизацијата на домашниот платен систем

Објавен Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година

Тошковски: Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите