Утрински Весник
Македонија

Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување

Esen2.webp.webp

Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување.

Како што информираа попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска од вечерните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер, што на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час, особено во западните делови.


Според најавеното, под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи.

Можете да прочитате

Тригодишно дете од Гевгелија донесено починато на Клиника во Скопје

Муцунски утре во Атина на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Акциска контрола во Скопје, лишени од слобода шест лица