Утрински Весник
Македонија

МВР со кривична пријава против двајца полицајци кои претепале малолетник во Охрид

Apsenje.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С.С., Б.Г. и Ј.И. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. 

На 29.07.2026 околу 05:05 часот во Охрид, пријавените С.С. и Б.Г., полициски службеници од СВР Охрид и Ј.И., полициски службеник од Србија, при вршење на службени дејствија сопреле мотоцикл управуван од малолетник без дозвола, кој се обидел да побегне.


Набргу го фатиле и кон него употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет и му нанеле повреди на повеќе делови на телото. По наредба на ОЈО ГОКК,  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави барање до надлежната служба за внатрешна контрола при МВР на Република Србија за вршење службен разговор со Ј.И..

Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници С.С. и Б.Г. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место-суспензија.

Можете да прочитате

Пиштоли и муниција најдени кај жител на Желино

Две малолетнички натепале и ограбиле малолетничка и сето тоа го снимале

„Тагата е наша, вината е ваша“: Блокада пред Владата со барања за заштита на жените