Утрински Весник
Економија

Синдикалната кошничка достигна 70.827 денари, со кирија се потребни 86.202 денари

Marketprazen.jpg

На четиричлено семејство во ноември му се потребни најмалку 70.827 денари за основните месечни трошоци, покажува пресметката на Сојузот на синдикатите на Македонија. Синдикалната минимална кошничка е поскапа за 469 денари во споредба со октомври.

Само за храна се потребни 25.902 денари, што претставува околу 36,6 проценти од вкупната вредност на кошничката. Тоа значи дека повеќе од една третина од пресметаните минимални расходи на семејството одат за исхрана.


За домаќинствата што живеат под кирија, потребниот месечен износ е повисок. Со вклучени трошоци за изнајмување стан од 60 квадратни метри, ноемвриската кошничка достигнува 86.202 денари, односно дополнителни 15.375 денари.

Пресметката на ССМ се однесува на семејство со двајца возрасни и две деца на училишна возраст и служи како показател за минималните средства потребни за покривање на основните животни потреби. Ноемвриското зголемување значи дека за истите основни расходи на семејствата им се потребни повеќе пари отколку претходниот месец

Можете да прочитате

СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна

Серафимовски одржа средба со претставници на Сојузот на одгледувачите на овци