Утрински Весник
Балкан

Волк забележан во населено место на Халкидики

Volk.jpg

Во селото Никити на полуостровот Халкидики е забележан волк и тоа е втор волк забележан на Халкидики од неодамна, по волчицата што нападна луѓе во градот Неос Мармарас оваа есен и минатата година.

Грчките медиуми пишуваат дека волкот откако престрашил жена која побегнала, влегол низ отворена врата во двор по што се слушаат вресоци на мачка. Кратко време подоцна, волкот излегува од дворот со мачката во устата и си оди.


Жителите на Никити побараа од властите да интервенираат, да го фатат животното и да го преместат во соодветна природна средина.

Неодамна, имаше многу пријави за наводни волци кои влегуваат во села во северна Грција.

Во септември, во Неос Мармарас, мало дете од Србија и 46-годишен маж беа каснати од диво животно . Пред една година, волк касна петгодишно дете во Неа Мармарас. И двата случаи се поврзани со женката волк, која се бара за да биде префрлена во центар за диви животни.

Во јули, друго 4-годишно дете беше нападнато од волк во областа на Солун.

Можете да прочитате

Патник на атинскиот аеродром се обидел да внесе во Грција над 35 килограми суров канабис

Истражување на RCC: 58 проценти од младите во Западен Балкан размислуваат да заминат во странство

Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ, вкупно 25