Утрински Весник
Македонија

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните криминалната власт на Мицкоски не ги непрефрлила во вториот пензиски столб. 


Тоа се пари што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сигурна и достоинствена пензија. Арамиската власт на Мицкоски ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани.

Институциите, Фондот на ПИОМ имаат законска обврска да ги префрлат придонесите во вториот пензиски столб во рок од пет дена. 

А поминале месеци.

Тоа повлекува кривична одговорност која треба да започне од Никола Мемов, директор на Фондот на ПИОМ.

СДСМ бара парите веднаш да се префрлат и Јавното обвинителство да постапи и да утврди одговорност. 

Работниците ги заработиле тие пари. Власта е должна да ги префрли, а одговорните за доцнењето да одговараат.

Можете да прочитате

Утрински дожд, потоа разведрување: Денеска силен ветер во западните делови

МВР со апел до родителите и јавноста: Заштитете ги децата од групата „764“

Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата