Утрински Весник
Свет

Највисокиот суд на ОН пресуди дека Мјанмар е виновен за геноцид врз муслиманите Рохинџи

20251109193209 big 730x400 99.webp.webp

Мјанмар изврши геноцид врз своето муслиманско малцинство Рохинџи, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдата во Хаг, во историска пресуда за бруталната воена пресметка што принуди стотици илјади луѓе да ја напуштат земјата.

– Врз основа на сите докази земени заедно, судот смета дека единствениот разумен заклучок што може да ги објасни дејствијата на Мјанмар е намерата да се уништи значителен дел од заштитената група, имено населението Рохинџа во северната држава Ракајн – изјави судијата Јуџи Ивасава при читањето на пресудата.


Ивасава истакна дека судот е „целосно уверен“ оти Мјанмар извршил дела што потпаѓаат под Конвенцијата за геноцид.

Гамбија го покрена случајот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2019 година согласно Конвенцијата за геноцид од 1948 година, тврдејќи дека Мјанмар имал намера да ја истреби малцинската група. Мјанмар ги отфрли обвинувањата.

Обединетите нации и организациите за човекови права документираа масакри и масовни силувања за време на воените операции, кои почнаа во 2017 година.

Пресудата е обврзувачка и конечна, и би можела да има импликации врз одвоениот случај што го покрена Јужна Африка, обвинувајќи го Израел за геноцид во Појасот Газа. 

Можете да прочитате

Холандија го повика рускиот амбасадор по нанесени штети врз амбасадата во Киев

Светското производство на вино во 2026 година блиску до рекордно ниско ниво поради климатските промени

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми