Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот

Image 2026 11 19 192243064.png

Постојат многу глобални предизвици во светот, но добро е што Македонија е на масата и заедно со останатите држави учествува во решавање на овие глобални предизвици, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски од Берлин, по завршување на настанот што го организираше германскиот канцелар Фридрих Мерц. 

На настанот, на кој се разговараше за глобалните предизвици и за безбедносната состојба во светот, присуствуваа и специјалните преговарачи на САД во случајот со Украина, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а телефонски се вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп кој брифираше за неговата средба со претседателите на Русија и Кина, рече Мицкоски.


Ова ќе биде тешка зима, тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија. Но, она што е важно е дека ние работиме на тоа граѓаните оваа зима да ја поминат како што ги поминуваат сите зими во нормални услови, без разлика на предизвиците во светот. Иако, би рекол дека денес во светот се води тивка, трета светска војна, сепак ние успеваме да најдеме начин, да креираме стратегија со којашто ќе го олесниме стандардот на македонските граѓани, вели Мицкоски во видео изјавата.

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

Координативен состанок на претставници на институциите и Општина Крива Паланка за надминува на проблемот со кравите

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина