
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин, учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.

– На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД. Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници – напиша претседателот на Владата на Фејсбук.



