
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега заловила 96 говеда во Крива Паланка во рамки на акцијата за решавање на долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на животните.
Според АХВ, непристапниот терен го отежнува заловувањето, а екипите на терен се соочуваат и со опструкции од поранешните сопственици на говедата.
Агенцијата соработува со локалната самоуправа и со другите надлежни институции за да се најде трајно решение. Секоја институција, посочуваат од АХВ, треба да постапува во рамки на своите законски надлежности.
Од Агенцијата нагласуваат дека при спроведувањето на акцијата приоритет се здравјето и безбедноста на граѓаните, како и благосостојбата на животните.


