Утрински Весник
Македонија

Отворено психолошко советувалиште во Црвениот крст

20261118120551 big 730x400 20.webp.webp

Во македонскиот Црвен крст отворено е психолошко советувалиште кое нуди индивидуални психолошки сесии со стручно лице, професионално советување и психолошка поддршка, поддршка во справувањето со стрес, анксиозност и емоционални оптоварувања, помош при лични, семејни и професионални предизвици, безбеден, пријатен и доверлив простор во кој можете слободно да разговарате, како и индивидуален пристап прилагоден на посербните потреби и предизвици на корисникот.

Како што информираат од Црвениот крст, советувалиштето ќе работи секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот. Сесијата ќе трае од 45 до 60 минути. За информации и закажување термини граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 072 271 048. Телефонските повици за информации и закажување термини се примаат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.


– Еден разговор може да биде почеток на голема промена. Грижата за менталното здравје не е луксуз, туку потреба. Барањето психолошка поддршка не е слабост, туку храброст. Тоа е чекор кон подобро разбирање на себе, кон емоционална рамнотежа и поквалитетен живот. Не чекајте моментот да стане премногу тежок. Направете го првиот чекор кон подобро ментално здравје. Ние сме тука да ве сослушаме. Вашето ментално здравје е важно. Побарајте поддршка, не сте сами – се вели во соопштението од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Од Црвениот крст нагласуваат дека понекогаш зад насмевката можат да се кријат грижи, зад секојдневните обврски стрес и притисок, а зад тишината чувства и предизвици за кои ни е потребен некој што ќе нè сослуша и разбере.

– Не мора да поминувате низ тешките моменти сами. Не мора секогаш да бидете силни. Имате право да побарате поддршка – велат од оваа организација.

Можете да прочитате

Николоски: Од 1 јануари државата ќе биде единствен организатор на онлајн игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Левица: АХВ и Серафимовски одбија да ги објават фирмите што продаваат небезбедно млеко, Косово враќа 12 тони млечни производи

Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната