Утрински Весник
Македонија

Претрес во кавадаречко, пронајдено ловечко оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Image 2026 11 18 120601972.png

На 17.11.2026 во 09:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ц.Д.(51) од село Бегниште, кавадаречко. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени ловечки карабин со оптички нишан со пет куршуми, ловечки карабин со четири куршуми, ловечка пушка со пет куршуми, 14 ловечки патрони и шест куршуми без соодветна документација.

Ц.Д. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната

Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар

ФЗО: Активно се работи на надминување на состојбата со здравственото осигурување во МВР и на трајно системско решение