Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка, а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот. СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка.


СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка.

Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.

Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа.

После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите.

Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа.

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви.

Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС.

Можете да прочитате

Виктор Спасески ја претставува Македонија на претстојниот Европски шампионат во слем-поезија

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо